Компанијата Спејс X (Space X) ја лансираше вселенската ракета „Starship“, најмоќната ракета во светот од космодромот во Тексас.
Успешно се покажа лансирањето на ракетата „Starship“ од трет пат, што кај нашиот народ би се нарекло – трета среќа.
Најмоќната и до денес една од најголемите лансирани ракети, мисијата Starship ја постигна својата прва мека цел за слетување на својата повеќекратна ракета „Booster 10 Super Heavy“ во Мексиканскиот залив.
„Starship“ претставува пробив во технологијата за вселенски транспорт и е замислен како вселенско летало за повеќекратно користење кое може да испорачува луѓе и товар на Марс.
Висок е преку 122 метри и се состои од два дела. Првиот е горниот дел од нерѓосувачки челик за повеќекратна употреба позната и како „Starship“, а втората е Super Heavy засилувачот за првата фаза.
Еве ги првите фотографии и видеа од вселената:
„Ова е фантастичен ден! Бастер го заврши своето искачување, вратите за товарот успешно се отворија и затворија, а уште некои демонстрации се завршени“, соопшти Командата на SpaceX.
Starship re-entering Earth’s atmosphere. Views through the plasma pic.twitter.com/HEQX4eEHWH
— SpaceX (@SpaceX) March 14, 2024