📽 Машин Ган Кели со емотивна порака за спонтаниот абортус на Меган Фокс

од Radmila Tasevska
424 прегледи

Американскиот рапер и пејач Колсон Бејкер, познат како Машин Ган Кели, сѐ уште се бори со тажниот момент кога неговата вереница Меган Фокс доживеа спонтан абортус.

Во својата нова песна „Don’t Let Me Go“, пејачот сподели емотивна порака за тие мигови од нивниот живот, пренесе Стандард лајф.

„Како да живеам со фактот дека мојата рака не беше на нејзиниот стомак кога го загубивме бебето? Немам кому да се обратам бидејќи сите во мојот живот кои се обидоа да ме подигнат се мртви“, гласи текстот на песната.

Машин Ган Кели призна дека спонтаниот абортус на Фокс му бил инспирација за неговиот нов изглед со голема црна тетоважа.

Во песната, тетоважата ја објаснува со стиховите: „Исто како што еднаш би сакал да ме разберат, имав нервен слом и го истетовирав целото тело освен една линија“.

Емотивната порака доаѓа четири месеци откако Меган Фокс јавно проговори за абортусот во нејзината збирка поезија „Убавите момчиња се отровни“ („Pretty Boys Are Poisonous“).

„Сакам да те држам за рака, да ја ја слушнам твојата смеа, но сега морам да се збогувам“, напиша Фокс.

Слични содржини