📽 На прагот на осмата деценија, Мадона изгледа побрутално од било кога

од Radmila Tasevska
242 прегледи

Кралицата на поп музиката Мадона го објави новиот спот за песната „Popular“ со пејачот The Weekndom. Песната првично беше објавена како дел од серијата „The Idol“, на платформата HBO Max, во која главните улоги ги толкуваа музичарот и Лили Роуз Деп, ќерката на Џони Деп.

Мадона е главниот женски вокал во популарната песна, која ја доби својата екранизирана верзија речиси една година по објавувањето на песната.

Мадона изгледа подобро од било кога. На 65-годишна возраст нејзината фигура изгледа речиси совршено.

Лице, струк, нозе – се е максимално затегнато, а Мадона во нејзиниот препознатлив, модерен стил успева да направи јажиња и да се превртува преку креветот како да е спортистка во цутот на спортската кариера.

Сите кои го погледнале видеото немаат ништо друго освен пофални зборови за изгледот на Мадона.

 

Слични содржини