Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се најде во центарот на јавната контроверзност по инцидентот за време на нејзиниот говор во финскиот главен град каде покрена прашања за ставот на Европската Унија за слободата на изразување.
За време на јавниот говор во Хелсинки, еден член од публиката извикуваше слогани со кои изразуваше несогласување со политиките на претседателката на ЕК. Урсула фон дер Лајен одговори со насмевка и краток коментар:
– Имате среќа што живеете во слободна земја каде што секој може слободно да го изрази своето мислење.
Сепак, слободата што ја истакна претседателката на Комисијата траеше само неколку моменти. Финската полиција веднаш интервенираше, го приведе демонстрантот и го отстрани од митингот, спречувајќи го да продолжи со својот говор.
And there she is,unelected EU bureaucrat Ursula von der Leyen, preaching about “freedom of speech” to a Finnish crowd, as if irony doesn’t exist.
All while the EU censors outlets like RT and Sputnik.Nothing says free speech like silencing voices you don’t like, right? pic.twitter.com/0Z9bjH57x6
— Richard (@ricwe123) August 6, 2025
Инцидентот предизвика остра јавна реакција и лавина критики на социјалните мрежи, каде што многумина иронично коментираа за постапките на финските власти и изгледот на претседателката на ЕК. „Вака изгледа слободата на говорот според европските стандарди“, „Секое несогласување веднаш се елиминира“, „Ќе ни забранат дури и да размислуваме“ – ова се само дел од пораките споделени на интернет.
Третманот кон демонстрантот ја доведе во прашање доследноста на ЕУ кога станува збор за почитување на основните човекови права, особено во светлината на зголемените критики што Брисел ги упатува кон други земји за наводни кршења на демократските принципи.
Иако институциите на ЕУ се повикуваат на вредностите на слободата, плурализмот и толеранцијата, ваквите настани поттикнаа дебата за можни двојни стандарди и сè поприсутниот впечаток дека постојат граници на дозволените мислења во самата ЕУ – особено кога тие се разликуваат од официјалната политичка линија.