Американската актерка и пејачка Кејти Пери и канадскиот политичар Џастин Трудо биле видени заедно на вечера во ресторанот „Le Violon“ во Монтреал.
Имено, нивното заедничко излегување привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што се случило само еден месец по раскинувањето на Пери со нејзиниот долгогодишен партнер Орландо Блум.
TMZ releases photo of Katy Perry & Justin Trudeau having a drink on terrace. pic.twitter.com/GZTYgLDBKj
— Pop Crave (@PopCrave) July 29, 2025
Според странските медиуми, Пери и Трудо седеле еден спроти друг до прозорец, уживајќи во опуштена атмосфера, коктели и разновидни јадења. За време на вечерата, шефот на кујната наводно им пришол за да ги поздрави, а тие подоцна лично му се заблагодариле за извонредната храна и услуга.
Иако сè уште не е познато дали средбата била исклучиво пријателска или нешто повеќе, фактот што до неа дошло веднаш по раскинувањето на Пери и Блум, ги подгреа шпекулациите.
Да потсетиме, Кејти Пери и Орландо Блум беа во врска девет години. Се верија во 2019 година, а веќе во 2020 ја добија ќерката Дејзи Дав.