📽Природна катастрофа која носи животи – Како настанува цунами?

од Весна Петровска
17 прегледи

По силниот земјотрес кај рускиот полуостров Камчатка, беше издадено предупредување за цунами. Но, како точно настануваат ваквите плимни бранови и зошто се толку опасни?

На 30 јули, морското дно источно од Камчатка го погоди силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтер, што го прави најсилен по катастрофата во Фукушима во 2011 година, според податоците на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува Dojče vele.

Беа издадени предупредувања за цунами во неколку пацифички региони и се формираа бранови високи до еден метар – па и повеќе – но на крај не беше пријавена поголема штета. Во меѓувреме, дел од предупредувањата се намалени или целосно укинати.

Зборот „цунами“ доаѓа од јапонскиот јазик и значи „голем бран во пристаниште“. Легендата вели дека јапонски рибари, кои испловиле на отворено море при мирни услови, по враќањето ги затекнале нивните села целосно уништени. Токму тоа е феноменот што го опишува цунамито.

Како настанува цунами?

Џиновски бранови се создаваат кога земјотреси, свлечишта, вулкански ерупции, нуклеарни експлозии  дури и удари на метеорити што го нарушаат морското дно. За разлика од обичните бранови предизвикани од ветер, цунамито се создава со поместување на целиот воден столб – од површината до морското дно, понекогаш на длабочини од неколку километри.

Неговата огромна сила е видлива дури и по тоа што рибите кои живеат на длабочина до 1000 метри можат да се најдат на површината по удар на цунами.

Скоро неприметен додека не стигне до брегот

Цунамито може да се движи со брзина до 900 километри на час, што му овозможува да мине цели океани за кратко време. Но, на отворено море, брановите обично се високи само два до три метри и често остануваат незабележани од бродовите поради нивната огромна должина.

Сепак, во плитките крајбрежни води или тесни заливи, брановите забавуваат – но драматично растат во височина, понекогаш и до 40 метри. Такви бранови можат целосно да опустошат цели области.

Формата на брегот исто така игра клучна улога. Повеќето цунамита изгледаат како нагло менување на плимата и осеката, односно низ на бранови кои силно удираат во брегот. Поретки се оние каде што копното го погодува еден единствен, масивен, стрмен бран со височина од неколку десетици метри, кој продира длабоко во внатрешноста.

Цунами не е толку редок феномен

Најголем ризик од цунами постои околу Тихиот Океан, поради големата сеизмичка активност на Земјината кора во тој регион. Затоа, службите за рано предупредување користат бови, сензори, компјутери и сателити за навремено информирање на населението.

Некои од најразорните цунамита низ историјата:

1883 – Ерупцијата на вулканот Кракатау предизвика бран од 30 метри кој ги уништи бреговите на Јава и Суматра, при што загинаа над 36.000 луѓе.

1946 – Земјотрес на Алеутските острови: 5 загинати на Алјаска, а неколку часа подоцна уште 159 на Хаваи.

1992 – Во источна Индонезија загинаа над 2.000 луѓе откако едно остров беше привремено потопен.

1998 – По земјотресот кај Папуа Нова Гвинеја, цунамито однесе над 1.200 животи.

2004 – Масивно цунами по земјотрес од 9,1 степен ги погоди Индонезија, Тајланд, Малезија, Шри Ланка и Индија, со над 230.000 жртви.

2011 – Земјотрес и цунами ја погоди јапонската област: над 18.000 мртви, половина милион раселени, и нуклеарна катастрофа во Фукушима.