Во ФРАНЦИЈА досега 1,86 милиони луѓе ја примиле првата вакцина против коронавирусот, а 247,260 ја примиле втората, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се регистрирани 20.586 нови случаи на коронавирус, пренесува Ројтерс.
Бројот на хоспитализирани четврти ден по ред се намалува, а во болниците моментално има 27.369 пациенти, од кои 3.225 се на интензивна нега.
Уште 191 лице почина како резултат на вирусот, а вкупниот број на смртни случаи во Франција од корона е 78.794.