279
Вчера, 31 октомври по телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е побарано спасување на повредено лице.
ДЗС веднаш пристапило кон мобилизација на Тимот за брз одговор за спасување од планина. Лицето е пронајдено од другата страна на планината према преспанскиот дел под Манастирот „Свети Спас” над селото Маловишта.
На лицето му е пружена прва помош и со санитетско носило е транспортирано во ургентното одделение при клиничката болница на Битола.
Повреденото лице е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба, соопштија од ДЗС.