Сменет украинскиот командант одговорен за Харков

од Milan1
188 прегледи

Украинскиот командант одговорен за североисточната линија на фронтот во Харков беше сменет за време на руската офанзива, изјави денес воен портпарол, на Украина.

Сменет е Јуриј Галушкин, кој од април годинава беше на чело на Харков, а на негово место дојде Михаил Драпатиј, беше објавено, а причините за оваа одлука не се наведени.

Руските сили постигнаа значителни придобивки долж границата во регионот Харков во последните денови.

Украинската армијa претходно денес призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков.

Слични содржини