Бројот на загинати во серијата лавини во источен Таџикистан во изминатите два дена се искачи на 15, соопшти денес владата на земјата.
Повеќе од 400 семејства беа евакуирани од своите домови, а повеќето од лавините го погодија автономниот регион Горно-Бадахшански, кој граничи со Кина и Авганистан, соопшти владата.
Во соопштението се наведува дека лавини погодиле куќи и патишта, како и дека целиот меѓународен сообраќај е во прекин.