САД обезбедија ослободување на 135 политички затвореници во Никарагва

од Milan1
9 прегледи

Соединетите Американски Држави обезбедија ослободување на 135 политички затвореници во Никарагва од хуманитарни причини, соопшти денеска Белата куќа, истакнувајќи дека тие ќе бидат префрлени во Гватемала пред да бараат легално преселување во САД или во друга земја.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека сите ослободени затвореници се државјани на Никарагва, а меѓу нив има и членови на евангелистичката организација „Маунтин Гејтвеј“, католици и студенти.

Претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало, изјави дека неговата земја се враќа на „меѓународната солидарност“.

Слични содржини