Убиени над 40 војници во воена база во Чад

од Milan1
19 прегледи

Нападот врз воена база во Чад резултираше со смрт на околу 40 војници, во провинцијата Лак, во близина на границата со Нигерија. Претседателот на Чад, Махамат Деби Итно денеска ја посети базата во западниот дел на Чад и најави воена операција за апсење на напаѓачите.

Чад подолг период се справува со исламистички бунт во западниот дел на земјата, што граничи со Нигерија.

Во јуни девет лица загинаа, а повеќе од 40 беа повредени во експлозија во магацин за воена муниција во главниот град на Чад, Нџамена.

Во март, во напад за кој Владата ја обвини групата Боко Харам загинаа седум војници во регионот на езерото Чад.

Боко Харам почна бунт пред повеќе од една деценија и се обидува да воспостави шеријат во североисточна Нигерија. Бунтот се прошири и на западноафриканските соседи, вклучувајќи ги Камерун, Нигер и Чад.

Политичката ситуација во Чад е контроверзна и по претседателски избори, на кои победи Итно. Тој по смртта на неговиот татко во 2021 година ја водеше земјата како привремен претседател за време на воено владеење.

Слични содржини