Уапсени двајца велешани, кај нив пронајдена марихуана

од Milan1
29 прегледи

На 22.11.2024 во 10.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода З.Ш.(46) и А.Ш.(44), двајцата од Велес.

– При претрес во домот на А.Ш. во Велес, каде престојувал и З.Ш., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени 17 пакувања со зелена растителна материја, 42 семки и пари. З.Ш. и А.Ш. биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по чл. 215 од КЗ, информираат од МВР.

Слични содржини