Захарова: Москва е решена да го спречи Киев да дојде до нуклеарно оружје

од Milan1
35 прегледи

Москва е решена да го спречи Киев да дојде до нуклеарно оружје, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Москва е цврсто решена да спречи кое било од овие сценарија. Стекнувањето со нуклеарно оружје на Киев е целосно неприфатливо за нашата земја“, потенцира таа.

Захарова укажува на како што рече, алармантните изјави во Киев, „кои не само што ја доведуваат во прашање одржливоста на Меморандумот од Будимпешта, туку можат да се толкуваат и како директен обид за ревизија на ненуклеарниот статус на Украина“.

Слични содржини