Бактерија може да издржи дози на зрачење неверојатни 28.000 пати поголеми од дозата доволна за да убие Човек

од Milan1
17 прегледи

Вид на бактерија наречена (Deinococcus radiodurans), позната и како „Бактерија Конан“, може да издржи дози на зрачење неверојатни 28.000 пати поголеми од дозата доволна за да убие човечко суштество. Тајната на „Конан“ се антиоксидансите, а оваа тајна може да стане оружје на човештвото во истражувањето на вселената.

Научниците сега открија како функционираат антиоксидансите, што овозможува истиот принцип да се користи за заштита на луѓето, и на Земјата и пошироко, пишува „Си-Ен-Ен“.

Антиоксидансите се формираат од едноставна група на мали молекули наречени метаболити, вклучувајќи манган, фосфат и мал пептид, или молекула, аминокиселина. Заедно, оваа тројка е многу поефикасна во заштитата од радијација отколку манганот во комбинација со само една од овие компоненти или друга компонента, покажува новата студија.

Наодите би можеле да се искористат за заштита на астронаутите од високи дози на космичко зрачење за време на идните мисии низ Сончевиот систем.

„Одамна знаеме дека јоните на манган и фосфат заедно формираат силен антиоксиданс, но откривањето и подоброто разбирање на „магичната“ моќ што им ја додава трета компонента е голем чекор напред. Оваа студија е клучот за разбирање зошто комбинацијата е толку моќна и ветувачка во заштитата од радијација, вели Брајан Хофман, еден од авторите на студијата и професор по хемија и молекуларни биолошки науки на Универзитетот Нортвестерн.

Претходните истражувања покажаа дека Деинококусот, наречен и Конан бактерија по познатиот стрип и филмски херој Конан Варваринот, е организам кој е најотпорен на радијација, поради што е во Гинисовата книга на рекорди. Може да преживее во вселената, надвор од Меѓународната вселенска станица, дури три години. Може да издржи и киселина, студ и дехидрација.

Во студија од 2022 година, Хофман и неговите колеги покажале дека доколку оваа бактерија постоела на Марс, ќе опстанела милиони години.

Слични содржини