Словачкиот премиер Роберт Фицо и се закани на Украина со сериозен конфликт доколку Киев не дозволи транзит на гас, наменет за Братислава, преку нејзина територија.
– Доколку Зеленски не го пушти нашиот гас, може да избие сериозен конфликт, напиша Фицо на социјалните мрежи, предупредувајќи дека прекинот на транзитот низ Украина ќе доведе до скок на цената на гасот.
Тој истакна дека Словачка и дава помош на Украина и дека се надева на исти однос на Киев кон Братислава. Според Фиц, тоа не треба да биде еднонасочно, и дека и другата страна исто така треба да покаже солидарност.
Словачкиот премиер претходно изјави дека Зеленски ја исклучува можноста за каков било транзит на гас преку Украина следната година. Сепак, тој смета дека постојат различни технички опции кои би овозможиле продолжување на транзитот на гас преку Украина до Европа. Фицо вели дека запирањето на транзитот на гас преку Украина ќе доведе до зголемување на неговата цена.
Сегашниот договор за транзит на руски гас во Европа преку Украина истекува на крајот на годинава. Украинските власти постојано изјавија дека не планираат да го продолжат.