16 години од убиството на полицајците кај Арачиново, нивните семејства правдата ќе ја бараат во Стразбур

од desk3
77 прегледи

Во Полициската станица Гази Баба во скопската населба Автокоманда денеска беше одбележана 16- годишнината од загинувањето на полицајците Кирил Петрушевски и Ерол Готак, кои во 2000-та година го загубија животот во скопското село Арачиново.

105797640-31954

Делегација од општината Гази Баба, предводена од градоначалникот Тони Трајковски и претседателот на Советот на општина Гази Баба Милан Андоновски, заедно со родителите на загинатите полицајци, роднини, пријатели, командирот и претставници од 5-та полициска станица, пред споменикот на бранителите, кој се наоѓа во кругот на полициската станица Гази Баба во Автокоманда, положија цвеќе и им оддадоа почит на загинатите бранители.

Родителите на убиените полицајци најавија дека по 16 години чекање, правдата ќе ја бараат на судот во Стразбур.

“Бидејќи ден денес немаме осудени убијци на нашите синови, немаме доверба во македонското судство и во обвинителството и по 16 години трпеливо чекање одлучивме правдата да ја бараме пред меѓународниот суд во Стразбур, изјави Берзат Готак, братот на убиениот Ерол Готак .

На 16-ти јануари 2000-та беа убиени инспекторот Ерол Готак и полицајците Кирил Петрушевски и Ацо Ангеловски. Нападот го преживеа инспекторот Горан Новковски кој со убиените полицајци учествувал во акција за откривање на украдени луксузни автомобили.