Авионот „Боинг 737“, кој превезувал 163 патници до Гран Канарија, едвај успеал да се крене од пистата за време на полетувањето, прелетувајќи над блискиот автопат на височина од само 30 метри. Главниот проблем била софтверска грешка поради која е искористена премалку енергија за полетување, пишува „Дејли Мејл“.
Патнички авион Боинг 737 со 163 патници и 9 членови на екипажот за влакно избегна пад по драматичното полетување од аеродромот во Бристол на пат за Гран Канарија.
Инцидентот се случил на 4 март во авион Боинг, кој долго време го мачат бројни технички проблеми.
Иако пистата е долга речиси два километри, полетувањето започнало на едвај 260 метри пред крајот на пистата, а авионот се издигнал во воздух на само три метри пред крајот.
Кога тркалата конечно се кренале во воздух, авионот летал со брзина од само 150 јазли, што значи дека само 3 секунди подоцна би излетал од пистата, покажале проценките.
Драматично било и на блискиот автопат А38, кој авионот го прелетал на височина помала од 30 метри.
Проблемот со полетувањето бил предизвикан од софтверска грешка поради која авионот немал моќ за искачување.
Министерството за транспорт го истражува овој инцидент и издаде посебно предупредување до авиокомпаниите кои ја користат новата генерација на серијата Боинг 737-800, поради софтверски проблем што ја загрози безбедноста на летовите.