131
Во верижен судар меѓу автобус и возило за транспорт на пари во јужноафриканската провинција Лимпопо, загинаа 20 лица, додека десетици повредени се пренесени во болница.
По судирот, автобусот паднал од главниот автопат во реката, соопштија претставници на приватната компанија за итна медицинска помош ЕР24, кои биле на местото на настанот.
ЕР24 изјави дека 69 повредени се пренесени во болница, а еден од нив им подлегнал на повредите, пренесува Ројтерс.