24 години затвор за кинески студент кој силувал жени во Лондон!

од Milan1
28 прегледи

Кинески студент кој дрогирн силувал десет жени во Лондон и Кина, а побарана хемиска кастрација пред да биде затворен во завор за период од 24 години, пренесува Тајмс.

28-годишниот Женхао Зоу бил опишан како „многу бистар млад човек, амбициозен и шармантен“, но судијката Розина Котиџ КЦ изјавила: „Таа шармантна маска го криела фактот дека си сексуален предатор“.

Зоу ги зашеметувал своите жртви со алкохол и дрога пред сексуално да ги нападне. Судијата рекол дека жртвите биле „безобразно користени како секс играчки за ваше задоволство“.

Зоу, докторант по машински инженеринг на Универзитетскиот колеџ во Лондон, чувал „кутија со трофеи“ со предметите на своите жртви во својот студентски стан. Роден е во Гуангдонг во Кина, од татко кој работи во „државно претпријатие“, додека неговата мајка е наставничка. Има помлад брат. Тој снимил девет силувања како „сувенири“ – но само две од неговите жртви биле идентификувани кога бил на судење. Трета жена е пронајдена во Кина, соопшти судот.

Најмалку 24 жени во Лондон и Кина контактирале со полицијата откако бил осуден во март оваа година.

Зоу ги негирал кривичните дела и тврдел дека имал „навика да фотографира од својата сексуална активност со сексуални партнери и дека тоа го правел само со нивна согласност“. Поротниците ја отфрлиле неговата одбрана и го прогласиле за виновен за 11 силувања на десет жени во Лондон и Кина помеѓу 2019 и 2023 година.

Тој бил осуден и по 17 други обвиненија, вклучувајќи поседување екстремна порнографија, воајеризам и поседување бутандиол со намера да изврши силување. Бутандиолот е изворна хемикалија на GHB, рекреативна дрога што го забавува нервниот систем. Мали дози на супстанцијата без мирис можат да бидат фатални.

Зоу беше осуден на 24 години затвор, но судијата рече дека ќе отслужи минимална казна од 22 години и 227 дена откако ќе се пресмета и времето поминато во притвор.