69
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Ш.(47) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.
– На 29.06.2024 во семејната куќа во гостиварско село, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга, информираат од МВР.
При нападот тој ѝ нанел повреди.