Поранешниот светски шампион и градоначалник на Киев очекува повеќе од своите сојузници како помош во евентуална војна со Русија.
Тензиите во Украина растат од ден на ден, конфликтот со Русија изгледа е неизбежен и затоа секоја помош и поддршка за таа земја вреди злато. Последниве денови пристигнува од Велика Британија, Америка и Германија, но не до тој степен што го посакуваат Украинците.
Градоначалникот на Киев, поранешниот светски шампион во бокс Виталиј Кличко, кој се најде во деликатна ситуација, најмногу се разочарал од „помошта“ од Германија.
Германија ќе и испорача 5.000 воени шлемови на Украина, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, додека Киев остро ги критикуваше Берлин и германскиот канцелар Олаф Шолц дека продолжуваат да го одложуваат испраќањето оружје во таа источноевропска земја, што го обезбедува НАТО.
– Добив писмо од украинската амбасада со барање за воена помош. Ќе испратиме 5.000 шлемови како јасна порака дека сме на ваша страна, изјави министерот за одбрана на Германија, Ламбрехт, пренесува Телеграф.
Соединетите држави и Велика Британија се договорија да достават значителна воена помош, но Германија беше повнимателна, постојано одбивајќи да испрати „смртоносно оружје“ во Украина, која доби медицинска опрема во вредност од 5,5 милиони евра од сојузникот.
Виталиј Кличко помошта на Германија ја нарече шега.
– Однесувањето на германската влада ме остава без зборови. Министерот за одбрана на Германија веројатно не разбира дека се соочуваме со добро опремена руска армија која во секое време може да влезе во Украина. Што ќе ни праќаат следниот пат? Перници?, изјави Кличко, градоначалникот на Киев.
Инаку, поранешниот светски шампион во бокс помага во одбраната на Украина уште од појавата на тензиите со Русија и ги повика и другите лидери да го сторат истото.
– Многумина од нас служеа војска и тие вештини треба да се вратат. Мислам дека ваквата обука е од суштинско значење за средните и високите функционери на земјата која е во војна веќе осум години, изјави Кличко на почетокот на годината.