Милошоски: Време е Заев да се врати во судските клупи

од Берта Китинска
110 прегледи

Би сакал да ја искористам денешната прес конференција да повикам уште еднаш врз основа на исказите кои што се добиваат од случајот „Рекет“ во судницата, МВР и Обвинителството за борба против организиран криминал без разлика до каде стигнале со вештачењето на телефоните на Боки 13 и Зоки Кичеец, да почнат да го вештачат телефонот на господинот Зоран Заев кој што го користел во периодот кога имал интензивни средби со Боки 13, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено изјавата дека Зоран Заев во 1ТВ телевизијата за чие што нелегално финансирање знаел и соучествувал според досега добиените снимки на 3-ти април 2019 година го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во кое што најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема.Сметаме дека господинот Зоран Заев конечно треба да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи. За да може да го даде својот скромен придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на отприлика 20 милиони евра од повеќе стопанственици во Република Македонија“, вели Милошоски.

Во врска со денешната изјава на Заев, за оставка ан министерот за внарешни работи Милошоски посочи дека Заев се плаши бидејќи Чулев секој ден ги открива неговите криминални дејства.

-Моето мислење е дека треба да се добие исто така изјава од началникот на МВР во Струга Дритон Ајро којшто е близок роднина на обвинителот Артан Ајро којшто беше ангажиран во СЈО. И сметаме дека треба началникот како прв човек на министерството во општина Струга да ја даде својата изјава и извештај. Во однос на барањето на Зоран Заев за оставка на министерот Наќе Чулев, сметаме дека тоа би го побарал секој човек којшто е осомничен за криминал. Зоран Заев е уплашен и знае дека може еден ден неселективноста во делување на министерот Наќе Чулев може да тропне и на неговата врата,  изјави Милошоски.

 

 

Слични содржини