Објавена снимка од обидот за атентат на еден од водачите на кавачкиот клан: Заседа на паркинг сред бел ден (видео)

од Nikola Popovski
233 прегледи

Претставник на Министерството за внатрешни работи на Украина објави вознемирувачко видео од обидот за убиство на водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер во Киев.

На видеото е прикажано како застанува автомобил, од каде напаѓачите излегуваат и пукаат кон човек кој минувал покрај паркингот.

Претходно денес беше објавено дека напаѓачите се уапсени по полициската акција.

Да потсетиме дека според украинските медиуми, станува збор за државјани на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а за еден од нив има и меѓународна потерница за убиство.

Главните причини за обидот за атентат биле криминалните активности на жртвата, можното прераспределување во злосторничката организација, како и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога.

https://www.facebook.com/anton.gerashchenko.7/videos/2988345961252231/

Слични содржини