Во текот нa денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена отстранија неколку диви депонии создадени на јавни површини од несовесни граѓани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.

За да се одржи максималното ниво на хигиената на јавните површини во Скопје, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции на терен, како и совесно однесување на граѓаните при одлагање на отпадот, велат од ЈП Комунална хигиена.