МД „Илинден“: Македонците од Стеблево бараат отворање на граничниот премин Стеблево-Ласкајца

од Берта Китинска
216 прегледи

Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо бараат од албанската и од македонската Влада да излезат во пресрет на жителите од административната единица Стеблево, Голо Брдо, и што е можно побрзо да биде отворен граничниот премин Стеблево – Лакајца, кај Струга.

– Македонците од Стеблево бараат од властите во двете држави да го реализираат ветувањето и да го отворат граничниот премин Стеблево – Лакајца,во што целосно ги подржуваме. Отворањето на овој премин ќе услови Македонците во областа Голо Брдо многу побрзо да стигнуваат во Струга и Охрид, поради близината и не ќе мора да патуваат до Либражд, а потоа на преминот Ќафасан, стои во соопштението на Друштвото.

Се додаваа дека патната инфраструктура до Либражд и до преминот Требиште – Џепиште, кај Дебар, е во многу лоша состојба, а и оддалеченоста е многу поголема.

-Според сведочењата на повозрасните жители, а тоа го потврдуваат и историските факти, преминот Стеблево – Ласкајца функцонирал до 1949 година. Дотогаш, жителите од овој дел на областа оделе на работа во Струга, а на тамошниот пазар пласирале земјоделски и сточарски прозводи и пазарувале она што им било потребно, потсетува Друштвото.

Во соопштението потпишано од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај, стои оценката дека отварањето на граничниот премин Стеблево – Лакајца ќе придонесе во економскиот развој и ќе создаде подобри услови за Македонците во целата област.

Административната едница Стеблево е поранешната општина Стеблево, која беше укината со Законот за територијална поделба и опфаќа 12 села.

Стеблево е дел од Националниот парк Шебеник-Јабланица, на границата со Македонија, кое располага со преубави предели што со отворањето на преминот ќе примами поголем број туристи.

Слични содржини