333
Кај тунелите на магистралниот пат Удово – Демир Капија вчера во 12.30 часот било забележано патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти.
Од МВР денеска соопштија дека по преземени мерки од полициски службеници возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.
– Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале. На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци. Пронајдениот мигрант бил задржан во ПТЦ Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.