281
Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, изјави дека уште еден американски шпион е уапсен во земјата, овој пат во северозаподната држава Фалсон.
Мадуро на државната телевизија изјави дека осомничениот бил вооружен, носел големо количество пари и „служел во маринците во база на ЦИА во Ирак“, јави Би-Би-Си.
Минатиот месец судот во Венецуела осуди двајца поранешни припадници на американската војска на по 20 години затвор, за како што се тврдеше „неуспешниот обид за преврат во земјата“.
САД се уште не ги коментираа последните тврдења на претседателот Мадуро.