Уметниците реагираат: „Најлесно е да се удри по македонските артисти кои ги множите со НУЛА“

од Берта Китинска
557 прегледи

За да не дојде до голем раст на бројот на заболени со коронавирусот во земјава, Комисијата за заразни болести предложи до владата одредени мерки.

Кафулиња

Владата на вчерашната седница ги прифатила предложените мерки во кои се предвидуваат забрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на 4.

По оваа одлука следеа реакции и од музичарите:

Фејсбук статус на Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК.

-На стартот на пандемијата бев еден од најгласните кои апелираа да се почитуваат мерките ( и се уште сум ). Со нашиот бенд DNK бевме први кои од сопствен џеб плативме и направивме live stream концерт на социјалните платформи под мотото #СедиДомаБидиКул уште пред да се воведе целосниот карантин се со цел да влијаеме и помогнеме во целата ситуација, еднаш не се побунивме иако 90% од артистите бевме без неколку месечно примање, но со овој ноншалантен однос и очигледно незнаење на владата во кој правец тера мислам дека време е сите ние музичари, артисти, уметници да дигнеме глас на УЛИЦА, да си ги бараме нашите права и да им дадеме до знаење дека ние не сме криви за грешките на неколкуте локали и организатори на настани кои видливо се толерирани од не знам кои причини ( јавна тајна е се знаеме да не се секирате ). Истите тие работеле заради ваша катастрофална реакција и непрофесионалниот однос и реакција #реално. Но како што кажав и претходно најлесно е да се удри по македонските артисти кои ги множите со НУЛА. Ова нема така лесно да ви пројде, тоа ви ГАРАНТИРАМ!!! Срам и арам да ви е на сите ваши неосновани одлуки, пишува Панчо ДНК.

Фејсбук статус на Петар Младеновски – Суперхикс:

„Концерти? Имало концерти? Тие се главните “кластери”?? Јас тие што знам дека се одржаа, се одржаа по протокол ..имаше и такви кои (селективно) никој не ги надгледуваше ниту казнуваше. “Концертите” во ЈСП исто ќе бидат забранети? “Јавните настани” зад “порти” како свадби, сунети, крштевки, веридби, семејни прослави исто ќе бидат “забранети”? Собиранките на по 200,300 млади по јавни површини исто ќе ги “забраните”? Имате макар мааалку податоци или анализа каде се создаваат и како кластерите? А бре, Републико Селектодонијо неспособна една… Немате ниту компас на каде терате ниту знаете како да се “одбраниме”. Импровизација на повеќе нивоа.“

Фејсбук статус на Валентино Скендеровски:

„Во светов, за нормална гласност на говор, се смета звучен притисок од околу 60 до 65 децибели. Кај нас тоа автоматски е 70. У кафана може да достигне и накај 75. Говор луѓе… за гласност на човечки говор зборуваме.Ако некој се накашла гласно, ќе отиде и накај 90. Ако на некоја маса некој каже виц, на што четворица ќе се насмеат, тоа веќе оди до добри 90 децибели, па и до 100. Едноставно е, на Google Play Store, или на Apple App Store, впишете во полето за пребарување “Decibel Meter”, инсталирајте го и еве накашлајте се, или пробајте да разговарате со некого дома, за да го видите резултатот.Па секој може да го провери тоа, стварно не разбирам како тоа ќе казнувате за 55 децибели!? :))))))“.

Слични содржини