Денес, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, им се спротивстави на американските закани за санкции поради неодамнешното тестирање на напредниот руски противвоздушен систем S-400.
„Без оглед какви се вашите санкции, не одложувајте, туку применувајте ги. Вие (САД) ни велите да го вратиме S-400. Ние не сме племенска држава, ние сме Турција“, рече Ердоган.
Американските власти во петокот повторно предупредија дека односите со Турција, која официјално е сојузник на САД во НАТО, ќе бидат сериозно загрозени од неодамнешното турско тестирање на системот S-400.
Стејт департментот соопшти дека тестот е „некомпатибилен со одговорноста на Турција како сојузник на НАТО и стратешки партнер на Соединетите држави“.
СAD се заканија дека ќе воведат санкции против Турција доколку го активираат системот.
Анкара потпиша договор за набавка на S-400 од Русија во 2017 година, а првите батерии беа испорачани во јули минатата година.