Париз: Совладан човек кој и се заканувал на полицијата со ножеви

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Француската полиција денес совлада маж во Париз кога им се закани на полицајците со два ножa, изјави полициски извор.

Во 15-тата област на Париз, полицијата употреби гумени куршуми и струен удар за да неутрализира човек кој бил вооружен со ножеви, откако тој се обидел да ги нападне.

Според информациите на службите за итни случаи, полицијата излегла на местото на настанот поради семејна расправија.

Човекот, кој се обидел да ја нападне полицијата со нож, имал ментално нарушување. Во инцидентот нема повредени.

Првично, медиумите објавија дека жената повикала полиција поради конфликтот меѓу двајцата мажи, кои биле вооружени со ножеви. Кога пристигнала полицијата, еден од нив, вооружен со два ножа, се обидел да ја нападне полицијата, извикувајќи „Алаху Акбар“.

Полицијата се судри со него во дворот на зградата и употреби зашеметувачки пиштол и гумени куршуми за да го совлада, рече изворот.

Никој друг не е повреден.

Инцидентот се случи еден ден откако три лица беа убиени во напад со нож во југоисточниот град Ница.

Слични содржини