Истрага за силување во Делчево: Провалил во куќа и силувал жена

од Берта Китинска
346 прегледи

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 31.10.2020 година во вечерните часови, насилно влегол во семејната куќа на оштетената, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба.

Јавниот обвинител по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка, до Основниот суд Кочани достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Предлогот беше прифатен од Судот , па на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.​

Слични содржини