Еден човек во Велика Британија вложил милион фунти (1,29 милиони долари) во победата на Џо Бајден на претседателските избори во Америка.
Идентитетот на човекот, кој се обложил на 29 октомври, е непознат. Но, познато е дека доколку победи Бајден, покрај вратените милиони фунти, би добил уште 540.000 фунти (696.170 долари).
Букмејкерите му даваат на Бајден 65% шанса за победа, а на Трамп 35%.
Облогот од 1 милион фунти е трет најголем облог во историјата на „Бетфер“, најголемата светска онлајн обложувалница. Пред него е облогот од 1,1 милиони фунти за победа на тенисерот Рафаел Надал на Ролан Гарос во 2010 година и нешто повеќе од 1 милион фунти на Флојд Мејведер јуниор во неговиот натпревар против Конор Мекгрегор во 2017 година.
Облогот може да биде добар знак за Бајден, бидејќи 10-те најголеми облози во историјата на „Бетфер“ се победнички. Иако, се работеше за спортски настани.
Букмејкерите кои вложуваат големи пари обично се обложуваат на фаворитите пред настанот, рече Шит Ват, менаџер за односи со јавност на „Одс Чекер САД“, кој им дава совети и информации на обложувалниците.
Обложувалниците за американските избори се влеваат во „Бетфер“ со рекордно темпо, а до понеделникот наутро беа запишани 274 милиони фунти или 353 милиони долари. Потребни се неколку дена за да се прикаже облогот во податоците, па затоа облогот од 29 октомври дури сега стана познат.
„Бетфер“ проценува дека вкупните обложувања на претседателските избори во САД на нивната платформа ќе надминат 400 милиони фунти – двојно повеќе од инвестициите во 2016 година.
Претходно, најголемиот политички облог што некогаш бил направен на берзата „Бетфер“ бил облог од 555.000 фунти, за победата на Трамп на претседателските избори во 2016 година. И тоа е облогот направен во 00:30 часот наутро, ден по изборите, по затворањето на повеќето американски избирачки места, но пред да биде објавен победникот.
Претседателските избори во САД се одржуваат денес, 3 ноември, а републиканскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден се борат за Белата куќа.