Очајниот губитник Христијан Мицкоски бесрамно продолжува да злоупотребува човечки судбини во сопствената борба за спас на фотелјата во белиот дворец, стои во реакцијата на СДСМ по одржаниот протест на опозицијата пред Владата каде постави 1.071 каранфил во знак на почит кон 1.071 починат од корона.
„Токму затоа што заболените и почитнатите од Ковид 19 не се бројка туку луѓе, недозволиво и срамно е однесувањето на Мицкоски кој сака да ги злоупотребува, а при тоа и да работи на директна штетата на здравјето на сите.
За време на целата пандемија, однесувањето и дејствувањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е опасно по јавното здравје. Додека сите институции, сите здравствени работници неуморно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да го поткопаат здравствениот систем.
Таквото однесување граѓаните го ценат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе се во опозиција,“, велат од СДСМ.