Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска го отфрли предлогот за ставање крај на дијалогот меѓу Белград и Приштина, поднесен од министерот за правда на Косово, Селим Селими, откако Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата претседател на Косово, поради обвиненија за воени злосторства.
Хоти рече дека е јасен делот од Уставот за тоа како ќе функционира владата кога нема претседател и истакна дека мора да се почитува принципот на поделба на власта.
„Ние не се мешаме и не коментираме за одлуките на институциите на правдата. Нема простор за поинакво однесување во Владата на Косово. Имаме јасна правна основа како да се однесуваме во ваква ситуација. Уставот е јасен за тоа како треба да се постапи кога немаме претседател. Секој од вас треба да продолжи да работи со полн капацитет. Тоа е позицијата што треба да ја имаме како влада“, рече тој.
Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој вчера на состанокот на раководството на партијата побара специјален состанок на Владата и прекинување на дијалогот со Белград.
Тие, наводно, повикале на итен состанок на Советот за национална безбедност, итна седница на косовското собрание и состанок на претставници на политичките партии претставени во косовскиот парламент, со цел да се постигне „национално единство во ситуација кога обвиненијата на Специјалниот суд против Хашим Тачи, Кадри Весели и други се потврдени“.
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, кој е неприкосновен лидер на владејачката коалиција во Косово, одговори на тој предлог и посочи дека нема причина Приштина да не соработува со ЕУ и дека дијалогот е пред се во интерес на Приштина, а не на Белград.