Откако ќе се создадат услови за гласање, ќе биде повторно точка на Собранието, претресот за предлогот, Добрила Кацарска да биде избрана за Уставен судија од страна на пратениците.
Ова го констатираше претседателот на Собранието, Талат Џафери откако увиде дека во салата нема доволен број на пратеници ниту за останатите точки на дневниот ред, па оттаму побара кворум за продолжување на седницата во 15 часот.
Пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираа по однос на прашањето за изборот на Кацарска, откако од говорница изнесоа став дека таа не заслужува да биде човек избран на позицијата.
Имено, Јанушев побара одговор од Киро Здравев, инаку прв човек на Републичкиот судски совет, зошто не споделува информации и образложение за кандидатот, а потенцираше и дека Здравев е избран за Апелациониот суд во Штип за време на владеењето нБа СДСМ, идентично како и на Враховниот во рамки на ова владеење.
Мисајловски пак, посочи дека Кацарска е најлошиот кандидат во овој момент и истовремено побара слобода за патриотите кои како што вели се невини и се осудени на казна затвор во висина од 300 години.
Уште вчера. пратениците од СДСМ го бранеше предлогот потенцирајќи дека опозицијата зборувала се, но не и за она што значи вистинска независност на судството, како и дека не можат никако да се оттргнат од политичка пресметка со премиерот, Зоран Заев.
Инаку, ова е трет ден откако пратениците ја почнаа расправата околу изборот на Добрила Кацарска за Уставен судија.