ЕУ воведе санкции против Лукашенко

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Европската унија воведе санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко и ја прошири црната листа на лица против кои се воведени санкции во врска со претседателските избори во таа земја.

Покрај Лукашенко, во списокот со санкции се вклучени уште 14 белоруски функционери.

Санкциите вклучуваат замрзнување на средствата и забрана за патување на територијата на земјите-членки на Унијата.

Во Брисел сметаат дека Лукашенко е одговорен за репресијата пред и по претседателските избори.

Синот на Лукашенко, Виктор е исто така на списокот со санкции.

Претходно, европски извори објавија дека на новата листа ќе се најдат 15 лица, вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко.

Исто така беше објавено дека, по официјалната потврда на одлуката во европските метрополи, санкциите се очекува да стапат во сила денес.

Европската унија претходно вклучи 40 белоруски функционери на списокот со санкции, вклучувајќи ги министерот за внатрешни работи и претседателот на ЦИК. ЕУ воведе санкции против Минск за, како што велат, фалсификување на изборните резултати и насилство врз демонстрантите.

Да потсетиме, претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Централната изборна комисија објави дека Александар Лукашенко победил на изборите. Белоруската опозиција не ги признава тие резултати и смета дека победник е Светлана Тихановскаја.

Ниту Брисел не го смета Лукашенко за легитимен претседател. Протести против изборните резултати траат во Белорусија од 9 август.

Слични содржини