Републиканците од Пенсилванија одат пред Врховниот суд

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Републиканците од Пенсилванија се обратија до Врховниот суд на САД за да побараат наредба за одделување на гласачките ливчиња за претседателските избори испратени по пошта, кои пристигнаа по денот на изборите, 3 ноември.

Според АП, државниот секретар на Пенсилванија, демократот Кети Буквар, веќе им наредил на локалните власти да ги раздвојат тие гласови.

Пенсилванија е една од клучните држави за исходот на претседателските избори во САД, на кои сè уште се бројат гласовите, а според последните информации, кандидатот на демократите Џо Бајден го презеде водството од републиканскиот кандидат Доналд Трамп и сега е во мала предност.