Богојески: Поради вакви како Џамбаски, Бугарија е последна „дупка на свирало“ во ЕУ

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Угледот и честа на Европскиот парламент се сериозно нарушени со членови како бугарскиот престапник Ангел Џамбаски! Тој користи вулгарски јазик и нема домашно воспитување на ниво на еден обичен уличар, а не на ниво на еден европски пратеник! Ангелче душо, пријателски те советувам да намалиш со пороците кои прават лошо да сонуваш, како на пример бугарски пасоши, лажна историја што не постои, реалност што е само во твојата глава… тешко е да живееш во постојан кошмар!, реагира промоторот на Македонски Концепт, Петар Богојески на тврдењата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, декатој има бугарски пасош.

„Реалноста е дека сум Македонец, тоа биле моите предци, тоа ќе бидат и моите поколенија! Жалам што ти немаш поколение на кое ќе му го оставиш во наследство твојот квази бугаризам, а од тебе се срамат твоите предци, кои биле исто Македонци!

Што е проблем да сфатиш дека Македонија е реалност? Дали твоето македонското потекло и чувството дека си јаничар, те прави некомотен во својата сопствена предавничка кожа?!? Соочи се со реалноста, сам на себе ќе си помогнеш! Колку ме држи сеќавање, до сега јас и ти сме имале две средби, на кои јасно ти е кажана мојата мисија – Македонија на Македонците – Каузата на Организацијата, а не Обединета Бугарија, каузата на јаничарите! Незнам како ти се помешале до толку мислите?!? Дали е од твоите пороци?!?

Евројаничарче, до кога планирате да ја спроведувате кампањата против мене, нарачана од антимакедонската коалиција на Красимир Каракачанов и Христијан Мицкоски? Сите искажани клевети за мене, некаква соработка со (вмро) БНД, некаква стипендија од Краси, некакви средби на Пиротска 5, некакви адреси и гласања во БГ, државјанство и сл. во целост ги демантирам!

П.С. Евројаничарче, зошто Бугарија на студентот Петар Богојески во 2008/9/10 година му издавала визи за влез во земјата, ако тој бил нејзин државјанин од 2002 година? Сигурно не му било задоволство да дреме пред бугарска амбасада во Скопје со денови, за да извади виза?!? Сигурно сте имале евиденција на ваши државјани?!? И на вашите им издавате визи?!? Смешковци!

П.п.с. Евројаничарче, зошто Бугарија прифатила странски докторанд Петар Богојески, врз основа на Договор помеѓу двете Влади на МК и БГ за размена на постдипломци, доколку бил ваш државјанин?!? По закон требало да биде одбиен, нели?!? (поседувам целокупа документација)!

Толку со тебе порочно евројаничарче!

Бугарија за жал ја управуваат вакви како Ангелче, па затоа е и последна „дупка на свиралото“ во ЕУ, исправена пред ѕидот на срамот за криминал и корупција на европските пари!“, додава тој.

Слични содржини