Абазовиќ позитивен на коронавирус

од Vladimir Zorba
537 прегледи

Лидерот на коалицијата „Црно на бело“, Дритан Абазовиќ, на Твитер објави дека е позитивен на коронавирусот и дека сега е во самоизолација.

„По превентивното тестирање што го направив, се покажа дека сум позитивен на вирусот корона. Се чувствувам добро, во самоизолација сум и се надевам дека наскоро ќе успеам да се вратам на редовните обврски. Грижете се за себе и за своите најблиски, носете маска и држете дистанца“, сподели Абазовиќ на Твитер.

Слични содржини