Загрижувачка бројка од над 50 милиони заразени од Ковид 19 во светот

173 прегледи

По драстичните мерки за претпазливост и заштита, кај големите европски држави, Португалија е последната држава во низата која воведе силни рестрикции, по повод вториот бран на Ковид 19.

Имено, таму од денес започнува полициски час кој ќе стартува од 23 часот и ќе трае до 5 часот наутро, додека за викендите забраната за движење ќе почнува во 13 часот.

Ваквите строги рестрикции следуваат по бројката од 50 милиони заразени лица на светско ниво, откако започна пандемијата на коронавирусот.

Сепак, дефицитот од тестови во голем број на држави низ светот, го потврдува фактот дека сепак бројката на заразени лица е далеку повисока.

Португалија сега веќе има повеќе од 170.000 регистрирани случаи од почетокот на пандемијата, а ништо поразлично не е ниту во останатите големи европски земји.

Европа така, бележи бројка од 12,5 милиони случаи и 305.700 починати лица, што повторно значи дека е жариште на трансмисија на вирусот.

Од големите европски сили, Велика Британија забележа околу 20.000 нови случаи на дневно ниво, па оттаму следуваше и карантин кој започна во четртокот, а Франција пак, важи за земја најпогодена од оваа пандемија.

Покрај овие земји, и останати европски држави воведоа веќе нови рестрикции, но се претпазливи и за економските последици.

Во Италија пак, земјата која беше најпогодена во рамки на првиот бран на зараза од Ковид 19, воведе локални карантини во четири региони и национален полициски час.

Слични содржини