Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денес го објави составот на работната група на здравствени експерти кои ќе го испланираат одговорот на неговата влада за пандемијата на коронавирусот.
„Справување со пандемијата е една од најголемите борби со кои ќе се соочи нашата влада и јас ќе ги слушам науката и експертите“, рече Бајден.
„Работната група ќе помогне во обликувањето на мојот пристап за управување со растот на новозаразени, осигурувајќи дека вакцините се безбедни, ефективни, ефикасни, праведно дистрибуирани и бесплатни и ги штити групите со висок ризик“, додаде новиот претседател.
Со групата ќе претседава Вивек Марти, првиот човек на американското јавно здравје во мандатот на Барак Обама, кого Доналд Трамп го отстрани од таа позиција и поранешниот шеф на Администрацијата за храна и лекови (ФДА), Дејвид Кеслер.
Марти беше меѓу првите критичари на пристапот на Трамп кон пандемијата.
Досегашниот шеф на работната група за борба против вирусот, д-р Ентони Фаучи, засега не е назначен во телото на Бајден.
Соединетите држави се земја со најголем број на заразени лица од почетокот на пандемијата – 10,2 милиони од нив, а повеќе од 235.000 починале.
Бајден е чест критичар на пристапот на републиканскиот претседател Доналд Трамп во управувањето со пандемијата.