Каракачанов: Не дозволуваме фалсификување на бугарската историја

234 прегледи

„Нема никаква ралика во однос на политиката кон Република Северна Македонија. Нема разлики помеѓу премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи, Екатерина Захариева и мене“, ова утринава го изјави вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов.

„Вчера имавме добри разговори кои започнаа околу 10 часот, а завршија нешто пред 5 часот. Македонските колеги сфатија дека Бугарија не се шегува.Тие сфатија дека нема никој да не притисне, па ние да ја промениве позицијата“, посочи Каракачанов и продолжи:

„Новото во преговорите е што колегите од Скопје многу јасно сфатија дека ние сакаме јасни гаранции за исполнувањето на Договорот за пријателство од 2017. година. Гаранции кои нема да се заобиколат. Дали тоа ќе биде нов Договор, анекс или протокол, нема никакво значење. Ние не брзаме, има уште неколку дена до финалното решение. Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија. Ние јасно декларираме дека единствената нормална перспектива за Северна Македонија е европската интеграција. Разговорот беше корисен, но задоцнет“, додаде Каракачанов.

Според него, Северна Македонија и политичката елита во Скопје изгубиле 30 години. Нема кој да не притисне вели. Нема да дозволи ниту фалсификување на бугарската историја. Бугарија е суверена и достоинствена држава, повтори неколку пати тамошниот вицепремиер.

Слични содржини