Криминалци украле 6,5 милиони евра во готовина од зградата на царината во Емерих на Рајна во западна Германија, каде го пробиле ѕидот на просторијата каде што се наоѓаат сефовите, соопшти локалната полиција додавајќи дека кражбата се случила на 1 ноември.
Според истрагата, три лица во црна облека со темни капи влегле во зградата околу 6:00 часот наутро. Тие ја напуштиле зградата во 10.45 часот и заминале со бело возило кое претходно било исполнето со вреќи со пари.
Полицијата соопшти дека грабежот бил „професионално организиран и извршен“. Крадците успеале да влезат во подрумот на зградата и со разни алатки да стигнат до просторијата со сефовите.
Царинската служба понуди награда од 100.000 евра за информации во врска со кражбата.