Унгарија ќе забрани истополови парови да посвојуваат деца

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Унгарската влада подготви измени и дополнувања на Уставот, кои доколку бидат усвоени, ќе им забранат на истополовите парови да посвојуваат деца.

Предложениот амандман предвидува дека „мајката е жена, а таткото маж“, а посвојувањето е дозволено само на брачни парови.

Истополовите бракови се нелегални во Унгарија, но посвојувањето е можно доколку се пријави некој од партнерите за тоа.

Нацрт-амандманите на Уставот беа осудени од групите за човекови права.

Владејачката Фидес го испрати предлогот до парламентот на разгледување во вторникот.

Ќе бара децата да бидат воспитани во согласност со „христијанското“ толкување на поделбата на улогите меѓу половите.

„Образованието се обезбедува во согласност со вредностите засновани врз уставниот идентитет на Унгарија и христијанската култура“, се наведува во предложениот амандман.

Унгарската влада, предводена од премиерот Виктор Орбан, од доаѓањето на власт во 2010 година, спроведе значителни измени во Уставот.

Бракот веќе е дефиниран како „заедница помеѓу маж и жена“ и како „основа на семејството и националното преживување“.

Според последниот предлог-амандман, слободните лица можеа да посвојуваат деца само со посебна дозвола на министерот надлежен за семејните прашања.

ЛГБТК групите соопштија дека нацртот е направен намерно во време кога поради пандемијата не беа дозволени масовни протести.

Во мај, унгарскиот парламент го одобри законот со кој се забранува трансродовите лица да го менуваат полот внесен во нивните официјални документи при раѓањето.

Групите за човекови права тогаш рекоа дека тоа ќе ја зголеми дискриминацијата кон членовите на ЛГБТК популацијата.

„Луѓето се во паника, луѓето сакаат да побегнат од Унгарија во друга земја каде што може да им се препознае полот“, изјави за Би-Би-Си Тина Карлос Орбан, потпретседател на Трансванилското здружение на трансродови лица.

Слични содржини