Одложено по вторпат во низа рочиштето за случајот „Монструм“

172 прегледи

Адвокатот кој застапува дел од обвинетите во случајот „Монструм“, поради здравствени причини денес не се појави на рочиштето, по што истото беше одложено.

Ова е второ рочиште во низа кое е одложено, со оглед на тоа дека последното рочиште не беше оддржано со причина што еден од бранителите беше во изолација.

Откако случајот „Монструм“ беше вратен од страна на Врховниот суд на повторно судење во Кривичен, сега е во доказна постапка.

Судењето за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Во случајот „Монструм“, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Слични содржини