243
На 14.11.2020 полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР ОКР Чаир ги приведоа А.И. (18) и Ш.М. (26) од Скопје поради извршени 16 тешки кражби во возила на територијата на општина Шуто оризари.
Тие со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудио опрема и други предмети.
При приведувањето, пронајдени се дел од предметите и се вратени на сопствениците. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството.