Стартап Македонија со панел за лобирање на политиките за развој на македонскиотстартап екосистемот

од Берта Китинска
416 прегледи

„Лобирање за политки за развој на националниот стартапекосистем – најдобри примери и следни чекори“ е виртуелниот панел кој ќе се одржи денеска во 19:00 часот, како дел од првиот ден од Глобалната недела на претприемништвото. На панелот ќе земе учество Коста Петров, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Татјана Марковска, претставничка на Светска Банка во земјава, Нина Николиќ и Игор Маџов ко-основачите на Стартап Македонија а ќе модерира Ивана Станковиќ.

-Во 2019 започна креирањето на дигиталната екосистем платформа која беше лансирана во јули 2020. Дигиталната екосистем платформа која беше лансирана со поддршка на УСАИД, проектот за развој на деловниот екосистем и го премостува јазолот кој постои помеѓу помошта и видот на услуги за развој на поддржувачите организации како и на средства кои стартапите ги бараат со цел да се развијат и да креираат производ или услуги спремни за пазарот. Друг значаен исчекор во развојот на екосистемот е менторската платформа. Таа е мрежа на домашни и интернационални ментори кои се всушност искусни претприемачи и експерти кои сакаат да помогнат во развојот на македонските стартапи, особено за ширење на меѓународниот пазар. Во соработка со УСАИД, Швајцарската програма за претприемништво и програмите како ЕFSE Entrepreneurship Academy, CIPE, GIST и други, Стартап Македонија ја гради и глобалната мрежа на ментори за развој на стартапи, истакна Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија.

Новоименуваниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров уверен е дека стратегијата за стартапи ќе поттикне иновации во приватниот сектор и ќе овозможи услови за креирање на глобален македонски продукт

– Ваквите настани се од огромна важност за развивање на претприемачкиот дух во нашата земја и нудат идеи и предлози, кои ќе ни овозможат, заедно со претставниците на приватниот и стартап секторите, да креираме долгорочна стратегија со која ќе ја позиционираме нашата земја како стартап и иновациски хаб во регионот. Преку стратегија ќе креираме можности за создавање на глобален македонски продукт, поголем иновациски развој но ќе креираме и нови и компетитивни работни места кои ќе придонесат во развојот на македонската економија, потенцираше Петров.

Како што објасни претседателот на Стартап Македонија Дејан Алексов, овие две инцијативи, платформи се дополнително зајакнати и се надополнуваат со лобирањето за воведување на конвертабилен заем.

– Потребен е широк опсег на различни средства за развој на стартапите а пристапот до финансии во екосистемот треба дополнително да се развива, за да имаме различни инвестиции. Токму затоа Стартап Македонија поднесе иницијативата за измена на член 29 од Законот за трговски друштва. Оваа инцијатива се базира на законска и финансиска анализа и овозможува инвеститорите да вложуваат како малцински учесник во многу повеќе компании и да не бидат ограничени во инвестирањето. Со имплементацијата на оваа иницијатива помагаме во подобрувањето на климата за инвестирање од страна на ангел-инвеститоритe, вели тој.

Како што појасни Марија Танасоска, менаџер за пристап до финансии во УСАИД, Проект за развој на деловниот екосистем, иницијативите кои Стартап Македонија ги спроведува се резултат на нивната посветеност за развој на домашниот екосистем потпомогнати од нивните партнери и останатите членови на екосистемот.

– Важноста на овој настан е што ја истакнува потребата од континуирана комуникација помеѓу претставници на екосистемот, активните членови на стартап заедницата со претставници на владата. Креирањето на влијателни политики развиени од страна на Владата преку успешна соработка и помош од амбасадите на САД и Швајцарија кои и помагаат на стартап заедницата преку различни програми на финансирање и градење на капацитети се од суштинска важност, вели таа.

-Без добра синергија и дијалог помеѓу главните актери и членови на стартап екосистемот тој не може да се развива. Развојот на стартап екосистемот е важен за понатамошниот раст на стартапите и зголемувањето на бројот на успешни домашни стартап приказни. Настанот кој Стартап Македонија го организира укажува на постојаниот дијалог помеѓу партнерите од Амбасадите, Владините претставници и членовите на стартап заедницата во процесот на креирање на ефективни политики за развој на стартапите кои пак придонесуваат за севкупниот економски развој на земјата, потенцираше Мирјана Македонска, национална програмска координаторка во Швaјцарска Амбасада во Скопје.

Стартап Македонија по трет пат е домаќин организација на Глобалната недела на претприeмништво (ГНП), еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништвото.

 

Слични содржини