Шахпаска: Најважно е да го сочуваме секое работно место и да помогнеме на сите граѓани

337 прегледи

Во средбата на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин, како што информираат од министерството тема биле предизвиците во време на Ковид 19, како и тешките услови за економијата кои се предизвикани.

„Кризата со пандемијата беше неочекувана за сите нас, таа предизвика здравствена криза и криза на економиите во целиот свет и сега е најважно да се заложиме за сочувување на секое работно место и да помогнеме на сите граѓани, особено на оние најранливите кои се во социјален ризик. Заедно со мојот тим секојдневно дискутираме околу можностите колку што е можно повеќе да обезбедиме пристојни услови за живот и за децата кои потекнуваат од семејства од социјален ризик”, истакна Шахпаска.

Добро здравје за сите граѓани и надеж за отворена соработка, на крајот на средбата посакаа Шахпанска и Баздникин.

Слични содржини