Унгарија ја продолжи вонредната состојба до 8 февруари

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Унгарската влада доцна синоќа донесе уредба за продолжување на вонредната состојба, која беше продолжена до 8 февруари.

Ограничувањата, кои вклучуваат полициски час од 20 до 5 часот наутро и забрана за собирање, како и часови преку Интернет за средните училишта и универзитетите, првично требаше да траат до 10 декември.

Овие мерки можат да бидат продолжени за уште два месеца по одлуката за продолжување на вонредната состојба.

Унгарија има повеќе од 3.000 жртви на коронавирус, а 50 проценти од нив починаа во последните три недели.